МАКЕДОНИЈА Е НА 109 МЕСТО СПОРЕД СЛОБОДА НА МЕДИУМИ, ВЕЛИ ИЗВЕШТАЈОТ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

    МАКЕДОНИЈА Е НА 109 МЕСТО СПОРЕД СЛОБОДА НА МЕДИУМИ, ВЕЛИ ИЗВЕШТАЈОТ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИРепортери без граници ја крена Македонија за две места од лани, кога била на 111 место (Фто: СДК.МК)

    Македонија, е на 109 место според Индексот на слобода за медиуми во светот за 2018 на Репортери без граници, што е скок за две места од лани кога била на 111 место. Оваа организација со седиште во Париз својот Светски извештај за слободата на печатот од 2017 година го објави денеска.

    Репортери без граници оценува дека Јавниот радио-телевизиски сервис „уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“.

    „Падот на режимот на Груевски доведе до намалување на владината контрола врз медиумите, но уште е рано со сигурност да се оценат владините намери да создаде трајно подобрување на ситуацијата. Нема значителни промени во економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни“, стои во Извештајот.

    Од земјите во во регионот, најслободни медиуми има во Словенија која е на 32. место, Босна и Херцеговина е 62., Хрватска 68, Грција 74, Албанија е 75, Србија 76, Косово 78, Црна Гора 103- та, а Бугарија е на 111. место.
    Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја

    „Репортери без граници“ предупредува дека кршењето на слободата на печатот повеќе не е прерогатив само на авторитарните режими и диктатури, додава дека таа проценка ги вклучува САД и неколку земји-членки на Европската унија. „Непријателството кон медиумите од политичките лидери повеќе не е ограничено на авторитарните земји како што се Турција и Египет каде што медиумската фобија сега е толку изразена што новинарите рутински се обвинети за тероризам и сите оние кои не нудат лојалност се затворени“, се вели во извештајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира