МАКЕДОНИЈА ГО ПОДДРЖА ГУАИДО ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЕНЕЦУЕЛА

    МАКЕДОНИЈА ГО ПОДДРЖА ГУАИДО ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЕНЕЦУЕЛАМинистерот за надворешни работи на Никола Димитров синоќа на „Твитер“ напиша дека Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела, Хуан Гуаидо, за времен претседател на Венецуела. (Фото: СДК.МК)

    „Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела, Хуан Гуаидо, за времен претседател на земјата, согласно Уставот, и со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори“, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров, синоќа на Твитер.

    Велика Британија, Шпанија и други европски земји и официјално го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

    Ова уследи откако претседателот Николас Мадуро не го испочитува крајниот рок поставен од Европската Унија да распише нови избори.

    Гуаидо, кој се наоѓа на чело на Националното собрание, минатиот месец се прогласи за лидер на Венецуела и притоа доби поддршка од САД и од голем број држави од Јужна Америка. Обвинувајќи го дека подготвува државен удар, Мадуро не ја исклучи можноста од избувнување на граѓанска војна во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира