МАКЕДОНИЈА КАКО ДРЖАВА ЌЕ ПРОМОВИРА МИР, СТАБИЛНОСТ И ВЛАДЕЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО, КАЖА МИЦКОСКИ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОН

    МАКЕДОНИЈА КАКО ДРЖАВА ЌЕ ПРОМОВИРА МИР, СТАБИЛНОСТ И ВЛАДЕЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО, КАЖА МИЦКОСКИ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОНПремиерот Христијан Мицкоски дава изјава пред да влезе на состанокот на Северноатлантскиот совет. (Фото: НАТО мултимедија/принтскрин)

    За САКАМДАКАЖАМ.МК од Вашингтон, Горан Михајловски

    Тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и вледеењето на меѓународното право, кажа премиерот Христијан Мицкоски пред состанокот на Северноатлантскиот совет на самитот на НАТО во Вашингтон, при влегувањето во Конвеншн центарот. Мицкоски рече дека Македонија, како држава, има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите.

    „За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе, заедно со нив да го одбележиме овој јубилеј – 75 години од постоењето на НАТО алијансата, најголемата одбранбена алијанса во светската историја. Како држава, подготвени сме да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и вледеењето на меѓународното право. Како малуброен народ, сакаме да потврдиме дека она кое што е за нас важно, е да во деновите кои што овде ќе разговараме за важните прашања, е ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во наредните декади. И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите. Како македонска влада, сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани“, кажа Мицкоски.

    Тој додаде дека земјата останува посветена на исполнување на обврскита да одвојува минимум 2% од БДП за модернизација на нашата армија.

    Во Вашингтон деновиве се одржува 75. Самит на НАТО. Главни теми на самитот се поддршката за Украина и зголемување на трошењето за одбрана и зајакнување на одбранбената индустрија на земјите членки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира