МАКЕДОНИЈА ПАДНА ОД ДЕЛУМНО СЛОБОДНА ВО НЕСЛОБОДНА ЗЕМЈА СПОРЕД СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНИЈА ПАДНА ОД ДЕЛУМНО СЛОБОДНА ВО НЕСЛОБОДНА ЗЕМЈА СПОРЕД СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

    Македонија назадуваше од делумно слободна во неслободна земја според слободата на медиумите, оцени меѓународната организација Фридом хаус во најновиот извештај за 2016. Според Фридом хаус, причината за назадувањето е „откривањето дека постои големо незаконско владино прислушување на новинарите, коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми и зголемување на заканите и нападите врз медиумските работници“.

    Во резимето на извештајот се вели дека медиумите во Македонија се длабоко поделени по политичка линија.

    „Самоцензурата меѓу новинарите е вообичаена, пред сѐ поради притисокот од сопствениците на медиумите со особени бизнис или политички интереси и, од  неодамна,  поради загрженоста од прислушувањето. Новинарите се лошо платени и се соочуваат со закани и малтретирање кога се занимаваат со истражувачко новинарство или критичко пишување,“ се вели во извештајот на Фридом хаус за Македонија за 2016.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира