„МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЌЕ ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА ПРЕД „МАВРОВКА“, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЌЕ ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА ПРЕД „МАВРОВКА“, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАЈавното претпријатие уривањето на објектот треба да го изврши од сопствени средства односно да не ѝ наплати на Општина Чаир.(Фото: К.Попов)

    Владата на денешната седница го задолжи Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта поранешно „Македонија пат“, да ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“.  Јавното претпријатие уривањето на објектот треба да го изврши од сопствени средства односно да не ѝ наплати на Општина Чаир.

    „Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти. По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“, стои во соопштението од Владата.

    Претходно денеска, МВР соопшти дека СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење” по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на бул.Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира