НАЈМНОГУ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ОД 25 АПРИЛ ДО ДЕНЕСКА

    НАЈМНОГУ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ОД 25 АПРИЛ ДО ДЕНЕСКАВо изминатите 24 часа се потврдени 40 случаи на коронавирус од направените 549 тестови (Фото: К. Попов)

    Македонија денеска забележа најмногу регистрирани новозаболени од КОВИД-19 по 25 април. Тогаш имаше 41 позитивни на коронавирус од 729 тестирани, а во изминатите 24 часа се потврдени 40 нови случаи од направените 549 тестови. Од вкупната бројка тестирани 209 се во рамките на скринингот во градинките, каде што е регистриран еден позитивен случај.

    Овој пораст на нови регистрирани заболени од КОВИД-19 доаѓа по 18 дена откако беа регистрирани само петмина новозаразени. На 6 мај во Скопј не беше регистрирани ниту еден позитивен за првпат по речиси два месеца. Од тогаш наваму, иако Министерството за здравство во меѓувреме објави дека епидемијата е ставена под контрола, во неколку наврати имаше повеќе од 30 новозаразени во еден ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира