Во нова снимка, објавена утринава од италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и сведокот Орце Камчев разговараат за случајот „Империја“, во кој Камчев е првоосомничен и беше во притвор. Притоа, Боки 13 го споредува Камчев со Сашо Мијалков, кој, исто така, е осомничен во „Империја“ и го фали Камчев дека е премногу интелигентен.
Транскрипт од дел од разговорот:
Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно.
Орце Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.
Боки 13: Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е пичкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се курчи и татко му направил пари, сега веќе не.
Орце Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.
Боки 13: Друга.
Орце Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.