МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА МУ ИСПЛАТИ 21,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОШТЕТА НА ГРЧКИ „ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ“ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА „ОКТА“

    МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА МУ ИСПЛАТИ 21,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОШТЕТА НА ГРЧКИ „ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ“ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА „ОКТА“Преполовен е износот на оштета што го барала грчката компанија, вели владиниот советник за енергетика Виктор Андонов. (Фото: Влада)

    Арбитражниот суд во Париз пресуди дека Македонија треба му исплати оштета од 21,5 милиони евра на грчки „Хеленик Петролеум“, потврди владиниот советник за енергетика Виктор Андонов. Тој вели дека со пресудата, преполовен е износот на оштета што го барала грчката компанија.

    Грчката нафтена компанија ја тужеше Македонија за непочитување на обврските произлезени од купопродажниот договор на рафинеријата „Окта“ склучен во 1999 година во времето на владата на Љубчо Георгиевски, во врска со набавка на минимално договорените количини мазут во периодот од 2008 до 2011 година.

    „Вкупното оштетно побарување кон Република Северна Македонија заедно со каматите за периодот 2008-2011 година изнесуваат 42 милиони и 646 илјади евра. Согласно пресудата, оштетното побарување кое е пресудено од страна на Арбитражниот суд во Париз е за 50 проценти пониско од првичното барање, односно оштетното побарување пресудено од Судот изнесува 21 милион 478 илјади 799 евра, што значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на бараниот износ“, кажа Андонов на прес-конференција во Владата.

    Македонија ја застапувал адвокатски тим од Франција и тој веќе ја разгледува и ја анализира пресудата, по што ќе ѝ предложи конкретни чекори на Владата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира