МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ ЗА ГЕРМАНИЈА СЕ ЈАСНИ, НО И СО ОВОЈ ПРЕДЛОГ СЕ СОЧУВАНИ, ВЕЛИ СПЕЦИЈАЛНИОТ ГЕРМАНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

    МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ ЗА ГЕРМАНИЈА СЕ ЈАСНИ, НО И СО ОВОЈ ПРЕДЛОГ СЕ СОЧУВАНИ, ВЕЛИ СПЕЦИЈАЛНИОТ ГЕРМАНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАНСпецијалниот германски претставник за Западен Балкан Мануел Сарацин и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ пред денешната прес-конференција во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин вели дека македонскиот јазик и идентитет се јасни за Германија, но и со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ се сочувани. Тој додаде дека ги разбира критиките за предлогот и сфаќа дека е тешко, но смета дека нема многу време да се добијат други работи и сега е моментот да се направи следниот чекор.

    „За мене е важно дека овој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на Северна Македонија, но и во интерес на ЕУ. Овој европски компромис според мене е шанса. И морам искрено да кажам, имаше и претходно одредени предлози и кога видов што стои во последниот документ бев зачуден, бидејќи видов дека е тоа компромис во кој се земени предвид барањата на Владата на Северна Македонија. Еден компромис никогаш не е перфектен, мислам дека сите страни гледаат така на тоа, но овој предвидува процесот на преговори да почне веднаш по неговото прифаќање без натамошни одложување и блокади“, изјави Сарацин на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ денеска во Скопје.

    „Можам да разберам дека има критики за овој предлог, разбирам дека е тешко. Македонскиот јазик и идентитет за Германија се јасни, но и со овој предлог се сочувани. Имам чувство, бев лично и во Софија, нема многу време да се добијат други работи, сега е моментот да го направите следниот чекор“, додаде Сарацин.

    Тој вели дека не може да вети каков ќе биде исходот од процесите во Бугарија, но сега треба да се направи нешто за да се обезбедиме за понесигурни времиња.

    „Ќе има вистински преговарачки процес. Не можам да ветам каков ќе биде исходот од процесите во Бугарија, но сега треба да направите нешто за да се обезбедите за понесигурни времиња. Може утре да се затвори тој прозорец. Германија и ЕУ ќе направат се патот на Северна Македонија кон ЕУ да биде отворен низ постапка, но без постапка овој пат не е отворен“, рече Сарацин.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира