МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО НАПУШТАТ ЛИБАН, НЕМАМЕ АМБАСАДА И ТЕШКО ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ИНТЕРВЕНИРАМЕ АКО СЕ ВЛОШИ СОСТОЈБАТА, РЕЧЕ ОСМАНИ

    МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО НАПУШТАТ ЛИБАН, НЕМАМЕ АМБАСАДА И ТЕШКО ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ИНТЕРВЕНИРАМЕ АКО СЕ ВЛОШИ СОСТОЈБАТА, РЕЧЕ ОСМАНИОд МНР апелираат до сите наши граѓани кои се во Либан или планираат да патуваат таму тоа да го одложат, односно тие што се таму да ја напуштат државата. - Панорама на Бејрут (Фото: Пекселс)

    Македонските граѓани кои се наоѓаат во Либан треба да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, соопшти денес министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани кои се во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, а особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, ниту амбасада и би било многу тешко потоа да ги згрижиме во услови состојбата да се влоши. Затоа сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани кои евентуално се во Либан или планираат да патуваат таму тоа да го одложат, односно тие што се таму да ја напуштат државата“, рече Османи.

    Постои опасност воените дејствија меѓу Израел и Хамас да се префрлат и во соседниот Либан, каде што дејствува шиитската организација Хезболах.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира