МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО ХРВАТСКА ЌЕ ПЛАЌААТ ИСТА ШКОЛАРИНА КАКО ДОМАШНИТЕ, МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА ПОТПИША ДОГОВОР СО ХРВАТСКИОТ КОЛЕГА

    МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО ХРВАТСКА ЌЕ ПЛАЌААТ ИСТА ШКОЛАРИНА КАКО ДОМАШНИТЕ, МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА ПОТПИША ДОГОВОР СО ХРВАТСКИОТ КОЛЕГАМинистерката за образование Весна Јаневска и хрватскиот колега Радован Фукс денеска ја потпишаа новата четиригодишна програма за соработка. (Фото: МОН)

    Македонските студенти во Хрватска ќе плаќаат иста школарина како и домашните студенти, откако двете земји денеска потпишаа договор за соработка во образованието и науката. Истото ќе важи и за хрватските студенти во Македонија.

    Понатаму, во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата држава под условите што таму важат.

    Министерката за образование Весна Јаневска и хрватскиот колега Радован Фукс денеска ја потпишаа новата четиригодишна програма за соработка, со што, како што соопштија од Министерството за образование, националните образовни системи ќе бидат подостапни за граѓаните на двете земји.

    Македонска делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска е во посета на Загреб. Министерот за здравство Арбен Таравари, исто такa, потпиша договор за соработка во областа на здравството и медицината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира