МАКРОН ИМ СЕ ЈАВИЛ НА КОВАЧЕВСКИ И РАДЕВ ЗА ДА ПОМОГНЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ

    МАКРОН ИМ СЕ ЈАВИЛ НА КОВАЧЕВСКИ И РАДЕВ ЗА ДА ПОМОГНЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕМакрон синоќа се слушнал со Радев и Ковачевски (Фото: АФП/СДК.МК)

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен, кога ќе дојде време, да им помогне на Северна Македонија и Бугарија да постигнат билатерален договор, кој би овозможил конечно да се отворат преговори за членство на Македонија во Европска Унија.

    Франција веќе неколку недели бара решенија за спорот помеѓу двете соседни земји“, соопшти Елисејската палата по синоќешните телефонски разговори на Макрон со премиерот Димитар Ковачевски и бугарскиот претседател Румен Радев.

    Оттаму додаваат дека Макрон во тие разговори дал целосна поддршка за постигнување договор помеѓу двете земји, кој би придонесол за добрососедските односи и би ја зацврстил европската перспектива на Северна Македонија.

    Бугарија го блокира пристапувањето на Македонија кон ЕУ од ноември 2020 поради спорови поврзани со јазикот и историјата.

    Радев разговарал за европската перспектива на Македонија и со помошничката на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, објави државната агенција МИА. Тие го осудиле палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, заклучувајќи дека тоа има за цел да го поткопа преговарачкиот процес помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира