МАЛОЛЕТНИОТ ОСОМНИЧЕН ПИРОМАН ДОБИЛ МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, СУДОТ ПРЕДУПРЕДУВА НА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ДА СЕ ОТКРИВА ИСТРАГА ПРОТИВ ДЕЦА

    МАЛОЛЕТНИОТ ОСОМНИЧЕН ПИРОМАН ДОБИЛ МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, СУДОТ ПРЕДУПРЕДУВА НА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ДА СЕ ОТКРИВА ИСТРАГА ПРОТИВ ДЕЦАВо изминатите часови и синоќа, додека беснееше пожар во скопското село Кондово, на социјалните мрежи излезе информација дека обвинителството барало, а судијата за малолетници одбил да му даде мерка притвор, по што следуваше реакцијата на Основниот суд Скопје 1 - (Фото: М.И. Пачемска)

    Малолетникот Л. Ш. (17) од Скопје, за кого на шести август годинава МВР соопшти дека е осомничен како „можен подметнувач на пожарот на Матка на 3 август“, од судијата за малолетници пред околу една недела добил мерки за претпазливост.

    „На малолетникот од страна на судија на Одделот кривично  – малолетни му се определни мерки за претпазливост и постапката против него е сè уште во тек односно воопшто не е завршена и истиот не е ослободен од  каква било одговорност како што информираат поединци“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    Во изминатите часови и синоќа, додека беснееше пожар во скопското село Кондово, на социјалните мрежи излезе информација дека обвинителството барало, а судијата за малолетници одбил да му даде мерка притвор, по што следуваше реакцијата на Основниот суд Скопје 1 и предупреди:

    „ Согласно член 99 од Законот за правда на децата, единствено судот може да дава официјални податоци за текот на постапка која се води против деца, или да даде одобрени на друг орган или институција за информирање на јавноста за постапка која се води против дете. Секое друго неофицијални информирање и шпекулирање за овие постапки, јавноста не треба да ги прифаќа како точни и официјални, а лиферување на неточни информации поврзани со постапки кои сè уште се во тек претставува кривично дело“, стои во реакцијата.

    Јавноста во постапките за малолетници е исклучена, информации за нив може единствено да дале странките, а тоа се обвинителот и обвинителството или адвокатите, велат судиите.

    Одделот за кривично малолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во целост ги отфрла шпекулациите кои од одредени поединци, во текот на денешниот ден, беа лиферувани на социјалните мрежи, а во врска со приведениот малолетник, од пред една недела, поврзан со пожарот на Матка, стои во реакцијата на Кривичниот суд.

    Имено, на малолетникот од страна на судија на Одделот кривично – малолетни му се определни мерки за претпазливост и постапката против истиот е сеуште во тек односно воопшто не е завршена и истиот не е ослободен од било каква одговорност како што информираат поединци.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира