МАРКО ЗВРЛЕВСКИ НЕ И ГО ДАВА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАРКО ЗВРЛЕВСКИ НЕ И ГО ДАВА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА

    Новинарот Зоран Божиновски останува во надлежност на Обвинителството на Марко Зврлески иако предметот Шпион, со одлука на Апелациониот суд е даден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на Катица Јанева.

    Во СЈО велат дека Основниот суд Скопје 1 го крши законот затоа што за новинарот Божиновски, кој е дел од предметот Шпион побарал мислење од Обвинителството за организиран криминал и корупција наместо од нив. Обвинителството на Зврлевски одбило да ја предаде надлежноста и за Божиновски на СЈО, како што веќе е предадена за другите неправосилно осудени.

    Иако обвинителството за организиран криминал и корупција веќе не е надлежно за Шпион, Скопскиот кривичен суд и понатаму го игнорира тоа и за поднесоците од обвинетите наместо да бара мислење од СЈО, му се обраќа на одделот за организиран криминал на Јован Илиевски, па тој, наместо Катица Јанева дава предлог каква да биде одлуката на Судот. Значи, во прв степен Судот комплетно го исклучува Обвинителството на Катица Јанева, што е во спротивност со Законот за СЈО.

    Што се однесува до Апелациониот суд, кога обвинетите од Шпион ќе поднесат жалба до тој суд, апелациските судии го применуваат Законот за специјално обвинителство и мислење бараат од Специјалното обвинителство, кое е единствено надлежно за случајот.

    На тој начин Основниот суд Скопје 1 дозволува Обвинителството за организиран криминал да се меша во постапки за кои Апелациониот суд Скопје веќе одлучил да постапува СЈО, како што е случајот Шпион, велат од Специјалното јавно обвинителство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира