МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДОБИЈА ЗАБРАНА ОД МОЈТЕРМИН САМИ ДА СЕ ЛЕКУВААТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДОБИЈА ЗАБРАНА ОД МОЈТЕРМИН САМИ ДА СЕ ЛЕКУВААТ

    Матичните лекари бараат од Министерството за здравство да ја укине забраната, која од минатата недела е ставена во системот за електронски евиденции во здравството МојТермин, со која тие веќе не можат сами на себе да си бидат матични лекари и сами да си препишуваат лекови и упати. Тие велат дека не биле информирани за овој потег на Министерство за здравство и дека сега се ставени во ситуација во работно време да ги оставаат пациентите, за да може да појдат кај својот колега да ги прегледа и да им издададе рецепт или упат.

    „Минатата недела ја ставиле забраната. Ние не бевме информирани. Мислевме дека нешто надградуваат во системот и почекавме, а потоа побаравме писмено објаснување. Одговор од Министерството не добивме, а дале изјава во некои медиуми дека забраната ја ставиле бидејќи сме правеле злоупотреби и дека вештачки сме ја кревале капитацијата со тоа што сами на себе сме си препишувале многу лекови. Тоа покажува колку основни работи не знаат, бидејќи ние имаме договор со Фондот за здравство, кој ако го пречекориме лимитот за препишување лекови не казнува“, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни матични лекари на Македонија. Лекарите бараат оваа забрана да се тргне, бидејќи таа најмногу ќе им наштети на пациентите.

    “Сега сме принудени во работно време да ги оставиме пациентите и сами да одиме на матичен доктор како пациенти за да ни препише лек или да ни даде упат за лабораторија. Тоа особено се однесува на оние колеги кои работат во село и се единствен матичен лекар таму. Зар ќе се симнува во град за да си препише лек за притисок. Зар за ЕКГ да одам кај мој колега, кога сестрата моја ќе ми го направи, а јас сум доволно стручна сама да го прочитам. Станува збор за 2.000 матични лекари, кои секојдневно опслужуваат илјадници пациенти и како што се стручни да ги лекуваат пациентите, стручни се да се лекуваат и самите“, вели Чолакова Дервишова. Според неа нема законска пречка матичните лекари, сами на себе да си бидат избран лекар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира