МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЌЕ ЗАКАЖУВААТ ЗЕМАЊЕ БРИС САМО АКО ПОСТОЈАТ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС, ЈАВУВАЊЕ САМО НА ТЕЛЕФОН, НЕ И ОДЕЊЕ ВО ОРДИНАЦИЈА

    МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЌЕ ЗАКАЖУВААТ ЗЕМАЊЕ БРИС САМО АКО ПОСТОЈАТ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС, ЈАВУВАЊЕ САМО НА ТЕЛЕФОН, НЕ И ОДЕЊЕ ВО ОРДИНАЦИЈАВо случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку Мој термин на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин, вела од Министерството за здравство. (Фото: СДК.МК)

    Закажувањето на земање брисеви за коронавирус од вчера се врши и преку матичните лекари. Оние кои имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар, не смеат да одат во ординација, соопшти Министреството за здравство, од каде апелираат пациентите да се јават само ако имаат симптоми, за да не се оптоварува системот беспотребно.

    На бесплатниот број на контакт центарот на Министерството за здравство 0800 002 03 може да се добијат сите потребни дополнителни информации, како и информации за тоа како да се закаже тестирање и други препораки во однос на коронавирусот.

    „Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Во оваа прилика, апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање. Во случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку Мој термин на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин. Во закажниот термин, не треба да се оди кај матичниот лекар или да се зема некоја потврда, граѓаните треба да одат директно на пунктот за да бидат тестирани. Се истакнува дека треба да носат заштитна опрема и по можност не доаѓаат со јавен превоз“, велат од Министерството.

    По земањето на брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови, а во целосна секојдневна комуникација со матичните лекари и со сестра и доктор од Клиниката за инфективни болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира