МЕЧКА НАПАДНА МАЖ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД, ГО СПАСИЛЕ ЛОВЏИИ

    МЕЧКА НАПАДНА МАЖ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД, ГО СПАСИЛЕ ЛОВЏИИЛицето било нападнато помеѓу селата Пласница и Ораоец, а било спасено од ловци кои случајно биле на лов во близина. (Фото: СДК.МК)

    Вчера мечка нападна маж во Македонски Брод, помеѓу селата Пласница и Ораоец, а бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина.

    Откако слушнале повици за помош ловџиите испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатото лице се здобило со телесни повреди“, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Изминатиот период регистрирано е зголемено присуство на мечки во Општина Маврово и Ростуште, по што Владата донесе мерки со кои се наложува на Општината да се отстрани целото ѓубре во близина на селото, да се обезбедат посебни капацитети за чување на мечките надвор од населените зони, да се обезбедат имотите каде што се чува добитокот, пчели и друго, дислоцирање на мечките и организирано користење на средства за заплашување на мечките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира