МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ, ЕКОЛОГИЈА И ХИГИЕНА ЌЕ СЕ УЧАТ НА УЧИЛИШТЕ, НАЈАВИ ЗАЕВ

    МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ, ЕКОЛОГИЈА И ХИГИЕНА ЌЕ СЕ УЧАТ НА УЧИЛИШТЕ, НАЈАВИ ЗАЕВТрадиционалните предмети остануваат, но ќе бидат исфрлени сите непотребни содржини од нив, рече Заев (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев, не навлегувајќи на широко во најавената образовна реформа предвидена за идната година, утринава кажа дека медиумската и дигиталната писменост, навиките за хигиена и односот кон природата и околината, ќе бидат вклучени во наставната програма уште во основното образование.

    „Во наставата ќе се вклучат наставни содржини суштински за образованието на децата, како медиумската и дигитална писменост, хигиената која видовме и тоа како е важна во пандемијата со коронавирусот и екологија. Тие нема да бидат на сметка на останатите досегашни предмети за изучување, ќе си имаат паралелно и географија, историја, хемија, физика..“, откри премиерот додека јавноста претспоставува и нема доволно информации какви ќе бидат реформите во образованието најавени од министерката Мила Царовска.

    Царовска минатата недела кажа дека е предвидено спојување на предметот историја во општествени науки, исто како што биологија и хемија ќе се интегрираат во природни.

    Заев појасни дека фузирањето предмети ќе значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои воопшто не им се потребни.

    „Ќе се вметнат содржини кои ќе ја формираат личноста на детето. Не брзаме, ќе одиме полека со реформата во образованието, ќе ја ислушаме првин експертската јавност, наставниците, професорите, Бирото за развој на образованието и сите надлежни стручни органи“, рече тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира