МЕНЧЕ АТАНАСОВА-ТОЧИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „НИКОЛА МЛАДЕНОВ“ ЗА ТЕКСТОВИТЕ ЗА ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ НА ЛЕКОВИ

    МЕНЧЕ АТАНАСОВА-ТОЧИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „НИКОЛА МЛАДЕНОВ“ ЗА ТЕКСТОВИТЕ ЗА ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ НА ЛЕКОВИОсвен Атанасова-Точи, МИМ годинава ги награди и БИРН Македонија, Петар Клинчарски, Лиридона Вејсели и Славица Филиповска (Фото: МИМ)

    Менче Атанасова-Точи е добитник на годинашната новинарска награда „Никола Младенов“, што ја доделува МИМ.

    Таа е наградена за серијалот текстови на тема сомнителен паралелен увоз на лекови, што беа објавени на порталот Нова ТВ. Како што соопшти МИМ, ова истражување укажа на сериозни злоупотреби од страна на институциите, манипулирање на граѓаните, богатење на одредени фармацевтски моќници и на носење закони по терк на претходната власт, со образложение дека увозот ќе ја намали цената на лековите.

    Втората награда им припадна на новинарите на БИРН Македонија за истражувањето „Странските инвестиции под лупа“, објавено на порталот „Призма“.

    Третата награда ја поделија Петар Клинчарски за сторијата „Изгубени во 1.000 преводи“ („360 степени“ на ТВ „Алсат-М“) и Лиридона Вејсели за „Каде е штабот на џихадистите во Македонија?“ (Журнал).

    Комисијата ѝ додели пофалница на Славица Филиповска за исклучителен новинарски израз и квалитетна обработка на сторијата „Колку време ни треба да го уништиме најстарото езеро во Европа?“, објавена во емисијата „360 степени“ на „Алсат-М“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари