МЕСТО ДА ОТПУШТААТ ИСКУСНИ, НЕКА ВРАБОТУВААТ И НОВИ ВО ГРАДИНКИТЕ ОТИ ФАЛИ КАДАР, РЕАГИРА СИНДИКАТОТ

    МЕСТО ДА ОТПУШТААТ ИСКУСНИ, НЕКА ВРАБОТУВААТ И НОВИ ВО ГРАДИНКИТЕ ОТИ ФАЛИ КАДАР, РЕАГИРА СИНДИКАТОТНепродолжувањето на договорите за работа на негувателките, воспитувачките и наставниците за СОНК е неприфатливо и бара да им се трансформира работниот однос на неопределено време

    Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија (СОНК) денес во соопштение до јавноста остро реагира на непродолжување на договорите за работа на вработени во детските градинки, основните и средни училишта.

    „Остро реагираме на масовното непродолжување на договорите за работа од страна на директорите на установите, а по налог на повисоките органи на локалната и централната власт. Изминативе денови сме сведоци дека, на голем број наставници, воспитувачи и негователи, со повеќегодишно работно искуство, без никаква причина не им се продолжува договорот за работа, а на нивно место се примаат нови работници кои по некои чудни критериуми, без ниту еден ден работно искуство, ги пополнуваат вештачки испразнетите места“, велат од СОНК.

    За СОНК ова е неприфатливо и апелира до надлежните конечно да го решат статусот на истите работници и да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време.

    „Сакаме да укажеме дека во моментов има голем недостаток на стручен кадар во градинките. Со сегашното отпочнување на процедури на огласи за вработување на испразнетите местата, подолг временски период сегашниот персонал ќе биде принуден да работи со и така преголемиот број на деца во групите, што е надвор од сите стандарди. Најостро ќе реагираме на оваа ситуација, нема да дозволиме работа во такви услови и ќе ги употребиме сите расположливи законски средства за одбрана на правата и интересите на нашите членови“, велат од СОНК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира