МИ ГО ПИЗМЕА СЕМЕЈСТВОТО, ОДБИВ ДА БИДАМ ДИРЕКТОР ВО МЕПСО, НАПИША ЉУПЧО ЗИКОВ

    МИ ГО ПИЗМЕА СЕМЕЈСТВОТО, ОДБИВ ДА БИДАМ ДИРЕКТОР ВО МЕПСО, НАПИША ЉУПЧО ЗИКОВ„Не сакам мојот избор на било каков начин да ѝ наштети на имиџот на оваа Влада“, вели Зиков (Фото: Фејсбук)

    Новинарот Љупчо Зиков вели дека ја вратил поканата и нема да биде директор за финансии и комерција во МЕПСО. Во долгата објава на Фејсбук, тој напиша дека ја донел одлуката поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство, откако на 6 август беше соопштена одлуката на Владата за неговото назначување на директорската позиција во МЕПСО.

    „Да се каже најлошото за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани… Се измислуваа разни проблеми и причини… Затоа решив да ја вратам поканата и да се заблагодарам. Не сакам мојот избор на било каков начин да ѝ наштети на имиџот на оваа Влада во чија програма и премиер силно верувам“, напиша Зиков на социјалната мрежа.

    Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“, а беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира