МИГРАНТ ОД МАРОКО МУ СКРШИЛ ПРСТ НА ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ГО ФАТИЛ КАКО БЕГА НА ПОКРИВОТ НА УНГАРСКИ КАМИОН КАЈ ГЕВГЕЛИЈА

    МИГРАНТ ОД МАРОКО МУ СКРШИЛ ПРСТ НА ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ГО ФАТИЛ КАКО БЕГА НА ПОКРИВОТ НА УНГАРСКИ КАМИОН КАЈ ГЕВГЕЛИЈАПолицаецот има фрактура на прст со дислокација на фрагментите, но мигрантот не успеал да побегне. (Архивска фотографија)

    Полицаец кој во саботата бркал и фатил мигрант од Мароко, кој се качил на унгарски камион за да продолжи на север, добил фрактура на едниот прст кога се обидел да го приведе, соопшти Обвинителството.

    Тој ден полицаецот постапувал по наредба за вршење на патролна служба. Заедно со двајца словачки полициски службеници од Фронтекс, добиле известување дека на бензинска пумпа на автопатот А1 во правец Гевгелија-Скопје, непознато лице мигрант се качил на камион со унгарски регистарски ознаки.

    Службеното лица со колегите од Фронтекс отишол на бензинската пумпа каде возачот на камионот им потврдил дека на неговото возило се качил мигрант, кој одбива да се симне. Полицајците му дале наредба да се симне од возилото, но осомничениот, движејќи се по покривот, се префрлил на предниот дел на возилото од каде скокнал и почнал да бега.

    Полицаецот тргнал по него и го фатил, но мигрантот му ја фатил десната рака и почнал да му ги витка прстите, толку силно што го повредил – фрактура на прст со дислокација на фрагментите. Во тој момент напомош дошле колегите и заедно го совладале осомничениот.

    „Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе избега, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор“, вели Обвинителството

    Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Мароко, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 од Кривичниот законик.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира