МИХАЈЛОВСКИ, ЛАЗАРОВ, АРСОВСКИ И СТАВРИДИС НАГРАДЕНИ СО „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    МИХАЈЛОВСКИ, ЛАЗАРОВ, АРСОВСКИ И СТАВРИДИС НАГРАДЕНИ СО „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОДраги Михајловски, Ристо Лазаров, Перо Арсовски и Александар Ставридис се годинашни добитнци на наградата „11 Октомври“.

    Професорот, писател и преведувач Драги Михајловски, писателот и новинар Ристо Лазаров и актерот Перо Арсовски се годинашни добитници на наградата „11 Октомври“, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија, соопшти Министерството за култура.

    За животно дело во областа на здравството, наградата ја доби проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.

    Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 11 Октомври во 12 часот во Собранието на Македонија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари