МИЈАЛКОВ ЌЕ МОРА ДА ГО ЛЕЧИ ЖЕЛУДНИКОТ ДОМА, ОДЛУЧИ КРИВИЧНИОТ СУД

    МИЈАЛКОВ ЌЕ МОРА ДА ГО ЛЕЧИ ЖЕЛУДНИКОТ ДОМА, ОДЛУЧИ КРИВИЧНИОТ СУДСашо Мијалков е осуден на тригодишна затворска казна во предметот „Титаник 2“. - Мијалков на изрекување на казната затвор од три години во предметот на СЈО „Титаник 2“ (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 по негативното мислење од Специјалното обвинителство го одби барањето на осудениот Сашо Мијалков за времено враќање на пасошот, кој подолго време му седи одземен во судот. Мијалков има право во рок од три дена да поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје.

    Мијалков е осуден на тригодишна затворска казна во предметот „Титаник 2“, зашто како директор на Управата за безбедност и контраразузнавање побарал од лидерот на ДПА Мендух Тачи да му наложи на членот на ДИК Бедредин Ибраими во 2013 година да гласа да се поништи чист резултат на локалните избори во Струмица.

    Со одлучувачкиот глас на Ибраими, заедно со тие на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, гласањето беше поништено. Сите членови на ДИК што гласаа тогаш за поништување на тоа гласање, вклучително со Тачи, се осудени на затворски казни во „Титаник 2“. Никој од нив не е во затвор, бидејќи во тек е жалбена постапка. Мијалков го барал пасошот за да го лекува желудникот во Чешка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира