МИЈАЛКОВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА

    МИЈАЛКОВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТАМијалков и адвокатите на завршни зборови на „Тортура“ на 12 мај. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Неправосилно осудениот Сашо Мијалков останува во притвор во затворот во Шутка, откако Апелациониот суд му ја одби жалбата на одлуката на Основниот кривичен суд.

    Кривичниот суд минатиот месец ја одби гаранцијата на Мијалков од 10,8 милиони евра во недвижнини да биде пуштен да се брани од слобода, а сега Апелациониот суд ја потврди таа одлука, јави државната агенција МИА.

    Мијалков досега е неправосилно осуден на 12 години затвор во „Тврдина-Таргет“ за масовното незаконско прислушување и на 8 години затвор во „Трезор“ за незаконска набавка на софтвер за следење електронски комуникации.

    Случајот „Тортура“ е пред пресуда, а во случајот “Титаник 2“ беше првостепено осуден на три години затвор, но Апелација го врати на повторно судење. Мијалков е обвинет и во случаите „Плацеви на Водно“ и „Империја“.

    Мијалков е во притвор во Шутка од 25 февруари, по изрекувањето на првостепената пресуда за „Тврдина-Таргет“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира