МИЛОШОСКИ МУ ПУШТАЛ ИНСПЕКЦИИ НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ОТИ ГАЗДАТА ГО ПРИЈАВИЛ ЗА КРИМИНАЛ СО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА НА ПЛАСНИЦА

    МИЛОШОСКИ МУ ПУШТАЛ ИНСПЕКЦИИ НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ОТИ ГАЗДАТА ГО ПРИЈАВИЛ ЗА КРИМИНАЛ СО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА НА ПЛАСНИЦАПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е осомничен во случајот „Моќник“ на СЈО. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски испраќал инспекции и контроли во компанијата „Пуцко Петрол“ на градоначалникот на Пласница Исмаил Јахоски, зашто Јахоски пријавил во Владата дека таткото на Антонијо незаконски, со измама, ја купил зградата во која била сместена општината, според кажаното на денешната прес-конференција на СЈО.

    Откривајќи криминал во присвојувањето на општинската зграда, но и на земјиштето околу неа, обвинителката Фатиме фета од Специјалното јавно обвинителство денеска кажа и дека тогаш моќниот пратеник, не застанал тука со одмаздата. Тој на четвртоосомничениот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев му се јавил и нарачал постапка за лустрација на судијата Драги Билевски од Кичево, само затоа што се сомневал дека судијата бил близок со Јахоски.

    Со помош на други членови од Лустрациската комисија, кои исто така се опфатени во предистражната постапка на СЈО, по нарачка на Милошоски судијата бил лустриран и оддалечен од функцијата. Овој разговор меѓу Милошоски и Аџиев јавноста го слушна во една од бомбите на опозицијата.

    Во овој случај осомничени се вкупно 13 лица за измама и за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Таткото на Антонијо и градоначалникот на Македонски брод со лажно прикажување на информации и докази, ги довеле во заблуда советниците на општина Македонски Брод да донесат одлука за продажба на задружниот дом. Им прикажале дека таткото го користел тој имот 30 години и дека сега сакал да го откупи. А всушност, во тој објект била сместена администрацијата на Пласница.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира