МИЛОШОСКИ ПРИМЕН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА СО ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА, ЧЕКА РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТЕСТ

    МИЛОШОСКИ ПРИМЕН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА СО ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА, ЧЕКА РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТЕСТМилошоски вели дека освен покачена температура нема други симптоми. (Фото: Фејсбук)

    Долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски попладнево е примен на Инфективната клиника во Скопје со покачена температура.

    Милошоски на Фејсбук објави дека вчерашниот тест за КОВИД-19 му бил негативен, но заради повеќедневна покачена температура, по препорака на специјалист направен му е уште еден тест, а резултатите се очекуваат утре. Тој вели дека други симптоми нема, дишењето му добро, како и апетитот и расположението.

    Милошоски, кој е втор на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, беше во домашна изолација од 26 јуни, откако неговата мајка беше позитивна на тестот за КОВИД-19. Тој тогаш кажа дека пет дена претходно имал средба со мајка си во Кичево.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира