МИНИМАЛНО ЌЕ ПОЕВТИНИ СТРУЈАТА, НАЈАВУВААТ ОД РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

    МИНИМАЛНО ЌЕ ПОЕВТИНИ СТРУЈАТА, НАЈАВУВААТ ОД РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈАКолку ќе поевтини цената на струјата ќе се знае утре за кога е закажана подготвителната седница на Регулаторната комисијата, по што на прес-конференција ќе биде објавена новата цена; - Претседателот Марко Бислимовски и новиот состав на Регулаторната комисија (СДК.МК)

    Ќе има минимално намалување на цената на струјата, најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

    Колку ќе поевтини цената на струјата ќе се знае утре, за кога е закажана подготвителната седница на Регулаторната комисијата, по што на прес-конференција ќе биде објавена новата цена.

    Како што брифираат од Регулаторна, во барањата на енергетските компании ЕВН побарала зголемување на цената на стујата за 9 отсто, ЕЛЕМ намалување за 1,5 отсто, додека МЕСПО не побарале ниту зголемување ниту намалување.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира