МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НАБАВУВА 4 ИЛЈАДИ ХИВ ТЕСТОВИ ЗА БРЗ СКРИНИНГ ЗА СЕРВИСИТЕ ЗА РАНЛИВИ И МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ

    МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НАБАВУВА 4 ИЛЈАДИ ХИВ ТЕСТОВИ ЗА БРЗ СКРИНИНГ ЗА СЕРВИСИТЕ ЗА РАНЛИВИ И МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИОдржувањето на сервисите за помош на маргинализираните групи и ранливи категории државата го презеде лани, откако Глобалниот фонд се повлече од земјата, бидејќи е со ниска преваленца на заразени со ХИВ. (Фото: Фејсбук)

    Министерство за здравство денес распиша оглас за набавка на кондоми, лубриканти и ХИВ тестови за брз скрининг, преку Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, со која се обезбедуваат средства за работа на граѓанските здруженија, кои пружаат теренска помош и услуги на ранливите категории граѓани. Согласно програмата за набавка на ХИВ тестови за брз скрининг издвоени се 700.000 денари, а за набавка на кондоми и лубриканти предвидени се 1,9 милиони денари, или вкупни 2,6 милиони денари.

    Според податоците од тендерската документација, се набавуваат 4 илјади ХИВ тестови за брз скрининг, 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми.

    Одржувањето на сервисите за помош на маргинализираните групи и ранливи категории државата го презеде лани, откако Глобалниот фонд се повлече од земјата, бидејќи е со ниска преваленца на заразени со ХИВ.

    ХИВ тестови за брз скрининг освен за сервисите за поддршка на ранливите категории и маргинализирани групи во Скопје ќе се набават и за 13 други градови, а со програмата предвидена е набавка на тестови и за теренско тестирање со ранливите групи, за што се предвидени 3,2 милиони денари.

    Од невладината ХОПС пред два месеци изјавија дека годинава се договориле набавката на кондомите и лубрикантите да оди преку Министерството за здравство, бидејќи претходно секоја организација сама набавувала во помали количини и цените биле различни.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира