МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЈА ЗАПРЕ ЗАБРАНАТА ЗА МАКЕДОНСКА МУЗИКА НА ЗАМП

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЈА ЗАПРЕ ЗАБРАНАТА ЗА МАКЕДОНСКА МУЗИКА НА ЗАМП

    Министерство за култура донесе решение за запирање на забраната на ЗАМП за емитување македонска музика по медиумите со образложение дека е противзаконска.

    „Министерството за култура донесе решение за запирање на извршувањето на одлуката на собранието на ЗАМП, со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување. Од надзорот на Министерството за култура над одлуката на собранието на ЗАМП се констатираше дека одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права“, се вели во соопштението на Министерство за култура.

    Решението на Министерството со кое се запира извршувањето на одлуката на ЗАМП стапува на сила на денот на донесувањето.

    „Во оваа пригода уште еднаш потсетуваме дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права“, се додава во соопштението.

    Од ЗАМП немаа коментар на одлуката на Министерството за култура. Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) забрани јавно емитување на музика од нивни членови од 20 септември.

    Причина за забраната, како што беше наведено во соопштението на ЗАМП, е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ЗАМП и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП.

    По одлуката на ЗАМП за забрана на македонска музика, иста забрана за територијата на Македонија воведоа и српското, црногорското и хрватското здружение на музички автори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира