МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СЕ ИЗВИНИ, ЈАНЕ НЕТКОВ НЕ Е ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СЕ ИЗВИНИ, ЈАНЕ НЕТКОВ НЕ Е ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛОГрешка е направена и со здравствениот дом Виница, каде директор е Венко Дончев, а не Венцо Вујинов. - Министерството за здравство

    Јане Нетков не е именуван за нов директор на Клиниката за уво, нос и грло, соопшти Министерството за здравство, откако вчера објави дека е назначен за нов директор на клиниката.  Од министерството се извинуваат поради, како што велат, техничкиот превид при внесувањето на имињата за нови директори и додаваат дека нов директор на клиниката е Габриела Копачева Баросова.

    „Направен е технички превид при внесување на имињата за именувањата на директори на две здравствени установи. Појаснуваме дека нов директор на Клиниката за уво, нос и грло е Габриела Копачева Баросова, а на Јане Нетков како што беше претходно пренесено. Во здравствен дом Виница директор е Венко Дончев, а не Венцо Вујинов. Им се извинуваме на докторите, медиумите и јавноста за овој технички превид”, соопшти Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира