МИНОСКИ НЕ ОДГОВОРИ ДАЛИ БЕЗ ЗАДОЛЖУВАЊЕ ИМА ПАРИ ЗА ПЛАТИ И ПЕНЗИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    МИНОСКИ НЕ ОДГОВОРИ ДАЛИ БЕЗ ЗАДОЛЖУВАЊЕ ИМА ПАРИ ЗА ПЛАТИ И ПЕНЗИИ

    Министерот за финансии Кирил Миноски не одговори на новинарско прашање дали и без парите од еврообврзницата во буџетот има доволно средства за плати и за пензии.

    „Имавме потреба од издавањето на еврообврзницата бидејќи дефицитот ќе го покриеме со средства од меѓународните финансиски кредитори. На тој начин на приватниот сектор ќе му оставиме повеќе пари од домашните кредитори“, изјави министерот Миноски по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност.

    Тој ја обвини опозицијата дека поради нивните писма до кредиторите, каматната стапка се зголемила и се скратиле 25 милиони евра пари од граѓаните.

    Гувернерот Димитар Богов не кажа што мисли за издавањето на еврообрврзницата.

    „Министерство за финансии одлучува за издавањето на еврообврзницата, тоа ја следи состојбата и ги планира задолжувањата. Собранието гласа за буџетот во кој се содржат сите потреби. Народна банка не го оценува тоа, туку води монетарна политика која ја усогласува со финансиската политика“, изјави Богов.

    Еврообврзницата била купена од инвеститори од Европска Унија и од САД, а парите ќе бидат префрлени на сметка следните денови.

    До крајот на годината доспеваат 170 милиони евра кредити за исплата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира