МИЦКОСКИ БАРА ДА СЕ ЗАТВОРАТ ИСТРАГИ И ОБВИНЕНИЈА ПОКРЕНАТИ ОД СЈО ПРОТИВ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ И ПАРТИЈАТА СО ИЗРИЧНА ОДРЕДБА ВО ЗАКОН

    МИЦКОСКИ БАРА ДА СЕ ЗАТВОРАТ ИСТРАГИ И ОБВИНЕНИЈА ПОКРЕНАТИ ОД СЈО ПРОТИВ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ  И ПАРТИЈАТА СО ИЗРИЧНА ОДРЕДБА ВО ЗАКОНОколу 2.30 часот по полноќ, новинарите, поради отсуство на информации од преговорите зад затворени врати и поради бесцелното чекање часови и часови, се договорија и си заминаа од Собранието колективно сите. - Од лидерската средба во Собранието (Фото: К. Попов)

    Преговорите за Законот за Јавно обвинителство меѓу СДСМ, водени од Зоран Заев и Рената Дескоска, и ВМРО-ДПМНЕ, под водство на Христијан Мицкоски и Антонијо Милошоски, по седум часа во уставната сала на Собранието завршија без договор. Според нашите извори меѓу преговарачите,, преговорите се вжештиле повторно околу старото барање на ВМРО-ДПМНЕ, но овојпат директно кажано од Мицкоски.

    Како што велат нашите извори, Мицкоски побарал предистрагите, истрагите и обвиненијата поведени по 30 јуни 2017 година да запрат со изрична законска одредба која би се вметнала во Предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа бил само еден од условите од Мицкоски за да гласа ВМРО-ДПМНЕ за законот, кој се носи со двотретинско мнозинство.

    Дознаваме дека Заев и министерката за правда Дескоска не прифаќаат таков предлог, со образложение дека опстанокот на предметите на СЈО до нивното конечно расветлување, се бенчмарк кој се очекува од Македонија да го исполни, за да може да очекува датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

    Некаде околу 2.30 часот по полноќ, новинарите, поради отсуство на информации од преговорите зад затворени врати и од бесцелното чекање часови и часови, се договорија и си заминаа од Собранието колективно сите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари