МИЦКОСКИ БАРА ИЗБОРИ КАКО ВНУК МИ ШТО БАРА ПЛЕЈСТЕЈШН, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ

    МИЦКОСКИ БАРА ИЗБОРИ КАКО ВНУК МИ ШТО БАРА ПЛЕЈСТЕЈШН, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИКовачевски кажа дека избори ќе има догодина, прво претседателски, а потоа и парламентарни.(Фото: К.Попов)

    Предвремени избори нема да има туку ќе се одржат во редовниот термин догодина, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара избори во мај или јуни без техничка Влада. Ковачевски кажа дека избори ќе има догодина, прво претседателски, а потоа и парламентарни.

    ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини и треба да се фокусираат на работата на нивните градоначалници, кои гледаме дека ништо не работат. Токму затоа зборуваат само на тема избори. Однесувањето на Мицкоски ме потсетува на внук ми Никола, на кого му зборувам земи книгата и учи за да напредуваш, а тој ми вика купи ми плејстејшн. Што и да му кажам на внук ми, тој само плејстејшн бара. Така и Мицкоски наместо да се фати за работа бара избори“, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата по состанокот на Советот на социјална сигурност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира