МИЦКОСКИ ОД ИНФЕКТИВНА БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ЗА СЕПТЕМВРИ И НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОД ОКТОМВРИ ЗА НОЕМВРИ

    МИЦКОСКИ ОД ИНФЕКТИВНА БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ЗА СЕПТЕМВРИ И НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОД ОКТОМВРИ ЗА НОЕМВРИ„Во насока за институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември“, предлага во писмото Мицкоски. (архивска фотографија)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Инфективната клиника напиша писмо до меѓународните фактори во кое предлага одложување на пописот од април за септември и на локалните избори од октомври за ноември, соопшти неговата партија.

    „Ви пишувам од Клиниката за Инфективни болести, каде што се наоѓам како резултат на тешките симптоми и високата температура која ја имам. Во вакви моменти човек ја гледа драгоценоста на сопственото здравје, кое поради брзиот живот го запоставуваме“, стои во писмото на Мицкоски, кој е позитивен на ковид-19.

    Тој вели дека Македонија, како и остатокот од светот се соочува со нов бран на ковид-19, а во исто време државава се наоѓа на дното во Европа по број на вакцинирани и поради тоа треба да првин да се надмине здравствената криза, по потоа да се насочиме на пописот.

    „Пописот да биде одложен за септември, тоа ќе остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи, со што ќе се минимизира штетата по јавното здравје. Во насока за институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември“, предлага во писмото Мицкоски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира