МИЦКОСКИ ПОБАРА ДАТУМ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, АКО КОВАЧЕВСКИ НЕ ОДГОВОРИ ДО 10 МАЈ ЌЕ СЛЕДЕЛЕ СЕРИОЗНИ И ДОСЕГА НЕПРАКТИКУВАНИ ЧЕКОРИ

    МИЦКОСКИ ПОБАРА ДАТУМ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, АКО КОВАЧЕВСКИ НЕ ОДГОВОРИ ДО 10 МАЈ ЌЕ СЛЕДЕЛЕ СЕРИОЗНИ И ДОСЕГА НЕПРАКТИКУВАНИ ЧЕКОРИМицкоски кажа и дека ќе му предложи на Ковачевски 4 тима за економија, надворешна политика, здравство и образование, кои ги нуди како помош за владата во овие четири области. (архивска фотографија)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска јавно му предложи заедничка и јавна средба на премиерот Димитар Ковачевски на која ќе договорат датум за одржување на предвремени парламентарни избори. Мицкоски вели дека Ковачевски не треба да брза, нека размисли и очекува одговор до 10 мај. Ако не добие одговор, Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава и потоа ќе следуваат, како што кажа, сериозни и досега непрактикувани чекори.

    „Денес јавно и отворено предлагам до Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараме и ќе договориме, датум за одржување на предвремени парламентарни избори како природно решение за состојбите во Македонија. Не барам да брза, нека размисли, знам што ќе го советуваат веднаш треба да одбие, нека не одбива и нека размисли, нека преспие, нека се советува со повеќе луѓе и очекувам одговор во следниве десет дена, нека биде краен рок 10 мај, вторник. Доколку ја одбие и оваа порака, за средба за излез од националната катастрофа која живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава и потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори. Доколку биде одбиена средбата ќе се покаже дека државата има отсуство на било какво лидерство, а народот ќе мора да дојде по своето“, изјави Мицкоски на прес-конференција по повод 100-те дена влада.

    Мицкоски кажа и дека ќе му предложи на Ковачевски 4 тима за економија, надворешна политика, здравство и образование, кои ги нуди како помош за владата во овие четири области. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека четирите тима би работеле заедно со тимови од власта во периодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори.

    Мицкоски го предупреди Ковачевски дека понудата од ВМРО-ДПМНЕ не е „шведска маса“, на која премиерот може да бира што му се допаѓа, а да одбива тоа што не му допаѓа, туку станува збор за пакет за подобра иднина на Македонија. Помошта за владата, вели Мицкоски, ќе биде без партизација и без политизација.

    Во тимовите кои ги предлага Мицкоски се Владо Мисајловски, Зоран Ставрески, Антонијо Милошоски, Гордана Силјановска-Давкова и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира