МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО ВО БИТОЛА В НЕДЕЛА

    МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО ВО БИТОЛА В НЕДЕЛАХристијан Мицкоски на антивладиниот собир во Скопје на 2 јуни. (Фото: М. Златевска)

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва повика на протестен марш во Битола в недела во 13 часот против договорот за името со Грција. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски вели дека заедно со пратеничката група и Извршниот Комитет на партијата ги повториле позициите дека нема да поддржат промена на Уставот, а со цел промена на уставното име.

    „Ги повикувам сите граѓани кои што имаат идентичен став со ВМРО-ДПМНЕ и кои што сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите политики на СДСМ да ни се придружат на протестниот марш во Битола во недела во 13:00 часот“, вели Мицкоски.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари