МНОГУ ВЕ САКАМЕ, АМА И ГНЕВОТ НИ Е ТЕЖОК, Ѝ СЕ ЗАКАНИ БОРИСОВ НА МАКЕДОНИЈА

    МНОГУ ВЕ САКАМЕ, АМА И ГНЕВОТ НИ Е ТЕЖОК, Ѝ СЕ ЗАКАНИ БОРИСОВ НА МАКЕДОНИЈАБорисов денеска се сретна со мајката на Пендиков и кажа дека средбата треба да биде јасна порака за македонските власти. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов се закани дека бугарскиот гнев е најстрашен на Балканот и Македонија ќе го искуси ако не бидат казнети виновните за нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид Христијан Пендиков.

    Борисов денеска се сретна со мајката на Пендиков и кажа дека средбата треба да биде јасна порака за македонските власти.

    „Најстрашното на Балканот е да ги налутите Бугарите. Нашиот гнев не е безопасен. Нашата љубов кон вас како држава е огромна, но и гневот ни е тежок. Македонија ќе го искуси, ако властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците“, кажа Борисов на средбата со мајката на Пендиков.

    Бугарија првпат стави вето за македонските евроинтеграции во ноември 2020 година, кога премиер беше Борисов, а министерка за надворешни работи, неговата сопартијка Екатерина Захариева.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира