МНОЗИНСТВОТО НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ГО ПОДДРЖА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    МНОЗИНСТВОТО НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ГО ПОДДРЖА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ, РЕЧЕ ЗАЕВОвој закон е целосно во согласност со Уставот и амандманот пет, донесени пред 17 години. Никој не е и не може да биде над Уставот, рече премиерот Зоран Заев во видео обраќањето.

    Законот за употреба на јазиците е закон за кој мнозинството граѓани на Македонија ја дадоа поддршката на парламентарните и на локалните избори, кажа премиерот Зоран Заев во обраќањето пред јавноста, по повод вчерашното донесување на Законот за употреба на јазиците.

    „Оваа наша и европска вредност, ја доби поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни, но и на локалните избори. Се определивме за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Овој закон е целосно во согласност со Уставот и амандманот пет, донесени пред 17 години. Никој не е и не може да биде над Уставот“, рече Заев.

    Во претстојниот период, според Заев, треба да се комплетираат реформите и да напредува економија, и дека во интерес на граѓаните е понатамошен развој на државата.

    Собранието вчера го донесе Законот за употреба на јазиците со 64 гласа „за“ без да ги разгледа илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш по гласањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред претседателот на Собранието Талат Џафери, а Никола Груевски се качи на подиумот кај спикерот и пробуваше да му ја извади картичката за гласање на Џафери, но не успеа, бидејќи пред него застана собраниското обезбедување.

    Претходно, Груевски го испрска со вода претседателот на Собранието Талат Џафери, па му ја извади картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира