МНР НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИ СО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ВО МИНХЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МНР НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИ СО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ВО МИНХЕН

    Министерството за надворешни работи на Македонија не може да ја потврди информацијата дали Армела Сегаши, за која косовските медиуми синоќа јавија дека е од Гостивар и дека можеби е настрадана во нападот во Минхен, е македонски државјанин.

    “Според досегашните информации меѓу загинатите и повредените нема македонски граѓани. Постојано сме во контакт со Минхен и ако има дополнителни информации ќе ја информираме јавноста“, изјави Боро Мирчески, портпарол на МНР.

    Од МНР велат дека официјалните податоци се однесуваат само за граѓани кои имаат македонско државјанство, а не и за луѓе кои имаат потекло од Македонија.

    Мајката на Армела за косовскиот медиум Газета Експрес, Назмие Сегаши синоќа изјавила: „Мојата ќерка беше во продавница во трговскиот центар. Од моментот на нападот, нејзиниот телефон е исклучен. Син ми отиде да ја бара во болница“.

    Германската полиција изјави дека имињата на загинатите нема да се објават додека не бидат информирани нивните семејства.

    Косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку на својот твитер профил ноќеска по полноќ објави дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира