МНР ОТВОРА Е-КОНЗУЛАТ ЗА ДА МОЖАТ ИСЕЛЕНИЦИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ДОКУМЕНТИ

    МНР ОТВОРА Е-КОНЗУЛАТ ЗА ДА МОЖАТ ИСЕЛЕНИЦИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ДОКУМЕНТИОсмани вели дека проектот ќе се надградува во наредниот период со дополнителни услуги. (Фото: МНР)

    Министерството за надворешни работи отвора дигитализирана платформа на конзуларните услуги е-конзулат, а проектот засега е во прва фаза, кажа министерот Бујар Османи на денешната прес-конференција. Со отворањето на е-конзулат, вели тој, значајно се поедноставува процесот на добивање на одреден документ и се зголемува ефикасноста на дипломатско-конзуларните претставништва со странство.

    „Наместо да доаѓаат до нашите дипломатско- конзуларни претставништва и да ги поднесуваат апликациите, сега тоа ќе можат да го сторат преку интернет, преку своите мобилни телефони, а за некои од побараните документи, многу наскоро ќе можат и да ги добијат по пошта назад, со што би се скратиле дури две патувања до нашите претставништва”, кажа Османи.
    Тој додаде дека проектот се подготвува подолго време и произлегува од поплаките, коментарите и сугестиите на нашите државјани во странство и дијаспората.

    Целиот процес ќе се одвива електронски, вклучително и добивањето на термин и плаќањето на конзуларната услуга, а меѓу услугите на е-конзулат се аплицирање за нов пасош, за патен лист, добивање потврда за државјански статус, потврда од казнена или кривична евиденција, изводи од матични книги, потврда за иста личност, спроводница, уверение за слободна брачна состојба, но и термин за други конзуларни услуги во нашите дипломатско-конзуларни претставништва.

    Османи вели дека проектот ќе се надградува во наредниот период со дополнителни услуги.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира