МНР СО ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ СО САД ЗА 230-ГОДИШНИНАТА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    МНР СО ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ СО САД ЗА 230-ГОДИШНИНАТА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТМинистерот Никола Димитров и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс во холот на Министерството отворија изложба на фотографии за соработката од воспоставувањето на дипломатските односи до денес. (Фото: МНР)

    Денес во Министерството за надворешни работи беше одбележана 230-годишнината од основањето на американскиот Стејт департмент. На свеченоста, министерот Никола Димитров и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс во холот на Министерството отворија  изложба на фотографии за соработката од воспоставувањето на дипломатските односи до денес.

    „Имаше моменти кога нашите пријатели и колеги од Стејт департментот играа клучна улога помагајќи ни да ги надминеме пречките на нашиот пат кон градење посилна земја, динамична демократија и општество. Благодарни сме им на Соединетите Држави што беа на наша страна во текот на сите овие години.  Фотографиите изложени околу нас се неподвижни, а сепак живописни слики на едно динамично минато, исполнето со важни настани како доказ за цврсто воспоставеното пријателство и соработка“, кажа Димитров.

    Амбасадорката Брнс рече дека соработката и поддршката од САД низ годините е демонстрација на цврстата определба во остварувањето на заедничката визија за безбедна и просперитетна држава.

    Изложбата на фотографии ќе биде отворена за јавноста во холот на Министерството за надворешни работи до 30 август, секој работен ден од 10 до 15 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира