МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА ДО БУГАРИЈА ЗА ВИДЕОТО НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ АНГЕЛ ЏАМБАСКИ ВО КОЕ ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА

    МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА ДО БУГАРИЈА ЗА ВИДЕОТО НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ АНГЕЛ ЏАМБАСКИ ВО КОЕ ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКАЕвропратеникот Ангел Џамбаски во предизборниот спот вели дека и Охрид ќе станува сè побугарски. (Фото: Фејсбук)

    Македонското Министерство за надворешни работи преку Македонската амбасада во Софија упати протестна нота до бугарското Министерство за надворешни работи во врска со видеото на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, соопшти МНР. Истовремено, велат од МНР, за видеото на Џамбаски ќе известат соодветно ќе реагираат и до институциите во Европската унија.

    Во видеото, кое е предизборен спот на ВМРО на Красимир Каракачанов, Џамбаски, меѓу другото, вели: „Колку посилно врескате со вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај. Македонија е бугарска, а Бугарија е над сè. Гласајте за ВМРО“. Џамбаски е и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-БНД.

    „Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“, велат од македонското МНР.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира