МНР ЗАЕДНО СО МПЦ АГИТИРА ВО ДИЈАСПОРАТА ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, ПИШУВА „КУРИЕ ДЕ БАЛКАН“

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,(КуриедеБалкан)

    МНР ЗАЕДНО СО МПЦ АГИТИРА ВО ДИЈАСПОРАТА ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, ПИШУВА „КУРИЕ ДЕ БАЛКАН“

    „Претставници на македонската амбасада во Париз агитираат да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ во македонска црква со цел „да се спречи влегувањето на Албанци во Собрание”, пишува францускиот портал „Курие де Балкан“.

    Министерот за надворешни работи Никола Поповски е носител на листа во изборната единица 1 - билборд од него и од противкандидатот на опозицијата Стево Пендаровски во близина на споменикот на Тито во центарот на Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерот за надворешни работи Никола Поповски е носител на листа во изборната единица 1 – билборд од него и од противкандидатот на опозицијата Стево Пендаровски во близина на споменикот на Тито во центарот на Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во текстот се пренесува загриженоста на Синдикатот на македонските дипломати кој веќе неколку години алармира за прекумерниот упад на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за надворешни работи, кој ја доведе македонската дипломатија „на ниво на неспособност што никогаш не бил постигнат од независноста до денес“.

    „За време на предизборната кампања, синдикатот на дипломатите објави нови информации за работата на некои дипломати во амбасадите за промовирање на ВМРО-ДПМНЕ со цел да обезбедат сигурна победа на изборите во дијаспората. Друг важен играч во оваа шема (покрај здруженијата на иселеници): Македонската Православна Црква, која ја превзема улогата на ‘надворешен комитет’ на партијата“, пренесува францускиот портал.

    „Курие де Балкан“ потсетува дека синдикатот алармираше за ваквата ситуација уште во март 2014 година,кога, како што велат, идејата за гласање на дијаспората извира во умот на ВМРО-ДПМНЕ за да дофати три дополнителни пратенички места благодарение на добро подмачкана машинерија.

    „Пред секои избори, амбасадите контролирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ се залагаат за да ја убедат дијаспората ‘добро’ да гласа. Потсетници се испраќаат под закрила за навремено информирање на нивното право за гласање, се организираат состаноци и голем број на други активности се оркестрирани од страна на дел од дипломатскиот персонал. Подршката, исто така, се добива и од страна на македонските цркви, особено од членовите на Советот на парохијата, кои проповедаат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, ‘последниот бастион против евентуална поделба на земјата’. Што се однесува до опозицијата, таа е едноставно демонизирана. А дипломатите не се двоумат да одат во црква за да ги привлекуваат верниците кон каузата на партија“, пренесува „Курие де Балкан“

    Во врска со изборите од 11 декември, францускиот портал вели дека синдикатот на дипломати е загрижен поради упатениот апел на Фејсбук страница на групата „Македонци од Франција“ кој беше проследен и од црквата. Целта на овој текст, според синдикатот е да се мобилизира дијаспората со цел да имаат доволен број на регистрирани иселеници на избирачкиот список за да се спроведе процесот на гласање во амбасадата. Синдикатот на дипломати го нарекува употребениот говор како „поттикнување омраза и расна и верска дискриминација”.

    „Аргумент за мобилизација беше да ‘се запишат на избирачкиот список и да се гласа масовно за да се спречи дијаспората да биде претставена од Албанец во Собрание’. Пораката која беше потоа избришана од страницата“, се вели во текстот на „Курие де Балкан“.

    Во последниот извештај од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР се истакнува дека „Државната изборна комисија одобри 20.629 апликации за гласање во странство. Голем број од апликациите беа поднесени од иста адреса на електронска пошта. Некои политички партии ѝ соопштија на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР дека им помагале на гласачите во пополнувањето на нивните апликации”, пишува францускиот портал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира