МОБИЛНИ ТИМОВИ ЌЕ ЗЕМААТ БРИСЕВИ ЗА КОРОНАВИРУС ОД ДОМА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    МОБИЛНИ ТИМОВИ ЌЕ ЗЕМААТ БРИСЕВИ ЗА КОРОНАВИРУС ОД ДОМА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство најави дека ќе се воведе мобилно тестирање со помош на возила од здравствени домови. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Мобилни тимови ќе ги тестираат граѓаните дома поради големиот број пријави и закажани термини преку матичните лекари. Министерот за здрaвство Венко Филипче рече дека досега преку матичните лекари се закажани 170 термини, за да се изврши тестирање во 14 пунктови одредени од Министерството.

    „Со оваа бројка се исполнети термините за тестирање во наредните два-три дена. Затоа ќе воведеме мобилно тестирање со помош на возила од здравствени домови. Екипиран е тимот и таму каде нема да може да се закаже термин во еден од пунктовите ќе се оди да се земе брис во домот на пациентите“, рече Филипче.

    Министерот кажа дека Одделението за трансфузиологија во болницата во Охрид е затворено, затоа што персоналот било во контакт со пациент кој дошол да подигне терапија преку системот Мој термин. После неколку дена се развиле симптоми кај тоа лице и сега е дефинитивно дијагностицирано за позитивно на коронавирус.

    „Согласно контактот кој лицето го имало со сите вработени, иако не се сите вработени во висок ризик, од страна на епидемиолозите беше донесена одлука сите десет вработени, докторите и медицинските сестри и помошниот технички персонал да бидат во домашна изолација. Целосно е преземена службата за трансфузиологија која се наоѓа во Специјалната болница ‘Св. Еразмо’, што значи крвоснабдувањето во ниту една болничка установа во Охрид не е загрозено“, рече минустерот.

    Што се однесува до болницата во Кавадарци, ниту еден од персоналот ниту пациентите на одделението за психијатрија нема позитивен тест, и согласно времето кога е остварен контактот со заболеното лице, за некои тој тест е дефинитиевн, а за останатите дел ќе се чека 14. ден за да завршат испитувањата.

    Одделениото за психијатрија е затворено, завршена е дезинфекцијата, а останиот дел од болницата функционира нормално, додаде министерот.

    Во земјава досега се регистрирани вкупно 148 заболени од коронавирус, од кои една пациентка е излекувана, а две лица починаа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира