МОГЕРИНИ ДОБИ ПОДАРОК БРОШ ФИЛИГРАНСКА ПЕПЕРУТКА ВО СКОПСКАТА СТАРА ЧАРШИЈА

    МОГЕРИНИ ДОБИ ПОДАРОК БРОШ ФИЛИГРАНСКА ПЕПЕРУТКА ВО СКОПСКАТА СТАРА ЧАРШИЈАНа прошетката низ скопската Стара чаршија, Федерика Могерини сосем неочекувано од еден златар доби подарок филигрански брош во форма на пеперутка и веднаш го закачи на реверот (Фото: СДК.МК)

    Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини, попладнево прошета низ скопската Стара чаршија и, сосем неочекувано, од еден златар доби подарок филигрански брош во форма на пеперутка. Таа веднаш го закачи брошот на реверот на белото палто што го носеше.

    Низ Стара чаршија Могерини се шеташе со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, а потоа седнаа да ручаат кебапи. Дуќанџиите во Чаршијата се поздравуваа и фотографираа со Могерини и ја канеа на чај и баклава.

    Могерини денеска дојде во Скопје од Стразбур заедно со премиерот Зоран Заев, веднаш по неговиот говор во Европскиот парламент. Заев е првиот македонски премиер кој зборуваше на македонски јазик во Европскиот парламент. Таа денеска при посетата заради поддршка на престојниот референдум за името ќе има официјални средби и со претседателот Ѓорге Иванов и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира