Апликацијата „Мој ДДВ“ не работи бидејќи се врши прилагодување и ажурирање. Но, како што велат од Управата за јавни приходи (УЈП), додека трае ажурирањето за да се скенираат фискалните сметки треба да се направи мала измена во мобилната апликација.
„Во делот ‘профил‘ во прозорчето ‘тип на баркод скенер‘ каде што сега стои ‘напреден‘ да се избере опцијата ‘основен‘. Фискалните сметки кои не може да се скенираат преку оваа опција може да се скенираат на киосците и баркод читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи“, велат од УЈП.
До кога ќе трае процесот на аружирање на апликацијата не се знае, но од УЈП велат дека по завршување процесот, ќе ги извести граѓаните повторно да ја изберат опцијата ‘напреден‘ при скенирање на фискалните сметки.