МОРА ДА ОДЛУЧИТЕ ДАЛИ СТЕ СО ЕУ И ИЛИ СО РУСИЈА, НЕМА МЕСТО ЗА НЕУТРАЛНОСТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ГЕРМАНСКОТО МНР СУЗАНЕ ШУЦ

    МОРА ДА ОДЛУЧИТЕ ДАЛИ СТЕ СО ЕУ И ИЛИ СО РУСИЈА, НЕМА МЕСТО ЗА НЕУТРАЛНОСТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ГЕРМАНСКОТО МНР СУЗАНЕ ШУЦСузане Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан при Министерството за надворешни работи на Германија. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Војната во Украина е повик за будење на ЕУ да продолжи поодлучно со проширувањето, но и за земјите од Западен Балкан навистина да изберат дали се на страната на ЕУ или на Русија, кажа денеска Сузане Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан при Министерството за надворешни работи на Германија.

    „Безбедносната структура изградена по Студената војна, дури и регулативата за човековите права на која што се согласивме по Втората светска војна, сето ова се уништува во моментов и ние мора да го браниме и мора да го браниме во овој регион. Ова е повик за будење и за ЕУ да продолжи поодлучно со проширувањето. Но, исто така, ова е момент за земјите од Западен Балкан да продолжат со реформите, но и навистина да изберат на која страна се. Дали сте за ЕУ или сте за Русија, против ЕУ? Ова е прашање по кое секоја земја мора да одлучи цврсто, како и секој поединец. И сите земји кандидати мора да бидат цврсто со ЕУ, бидејќи во светло на војната не може да има неутралност“, кажа Шуц, на дебатата на тема „Западен Балкан и ЕУ во контекст на новите безбедносно-политички предизвици“, организирана од Германската амбасада во Скопје.

    На дебатата, Сабине Штер, директорка за европска политика, рече дека во пристапниот процес на ЕУ нема место за историски и идентитетски прашања, зборувајќи за бугарската блокада на македонските евроинтеграции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира