Во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на патот Штип-Радовиш тешко е повреден музичарот Зоран Маџиров, дознаваме неофицијално. 48-годишниот струмичанец е пренесен на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓа во шок соба. Според првичните прегледи, тој нема повреди на главата, но е оставен на набљудување. Од Клинички центар не откриваат повеќе детали за состојбата на пациентот.
Претходно, од МВР соопштија дека едно лице е повредено во судар на патничко моторно возило марка мерцедес и тешко моторно возило влекач со кумановски регистарски таблички што се случи попладнево на патот Штип-Радовиш кај местото Краварник.