МВР СО ДВЕ СМЕНИ НА ШАЛТЕРИТЕ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ И ПАСОШИ

    МВР СО ДВЕ СМЕНИ НА ШАЛТЕРИТЕ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ И ПАСОШИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на канцеларии за вадење лични документи во Ростуше на 1 јули. (Фото: МИА)

    Oтсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и во Штип ќе работат во две смени, од 8.30 до 20 часот, соопшти МВР.

    Шалтерот за издавање полномошно за патување во странство на деца без родител денеска во Скопје работеше само до 16 часот.

    Покрај продолженото работно на шалтерите за лични карти и пасоши, отсега и проверката дали на возачот му е изречена забрана за управување со моторно возило ќе се прави и на шалтерите на МВР во станиците за технички преглед, стои во известувањето на МВР.

    Ова е нова постапка што се бара за вадење меѓународна возачка дозвола, иако МВР не кажува зошто воопшто е потребна меѓународна возачка дозвола кога македонската возачка е со биометриски податоци, а меѓународната е обично парче хартија што може да се фалсификува.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари